Од Електродистрибуција информираат дека поради технички зафати и реализација на планирани активности на мрежата, неколку скопски општини утре ќе бидат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Општина Бутел:

  • Од 07:55 до 09:55 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите лоцирани на дел од улиците „Ѓорѓи Стојчевски“ и „Лазо Москов“.

Општина Гази Баба:

  • Од 08:00 до 15:00 часот, поради изработка на среднонапонски спојници и активирање на нова трафостаница, без струја ќе останат корисниците од дел од улица „Вила Анастасија“, бензинската пумпа „Лукоил Камник“, „МЗТ Агрома“, „Агросервис“, „Камник Винарија“, рестораните „Ла Тана“, техничкиот преглед „Цертус“, како и околните куќи.
  • Во истиот термин, од 08:00 до 15:00 часот, прекин е најавен и за хотелот „Камник“, бензинската пумпа „Лукоил“ на булеварот „Александар Македонски“, како и објектите околу „Агросервис“.

Општина Кисела Вода:

  • Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде дел од булеварот „Борис Трајковски“, во реонот кај ресторанот „Градина“ и компанијата „Кристина Дамил“.
Exit mobile version