Поради реализација на планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре дел од корисниците во Скопје и околината ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со струја, соопшти ЕВН.
Без електрична енергија утре во период од неколку часа ќе останат жителите на три скопски села.
Прекинот во селата Текија, Дељадровци и Миладиновци ќе започне наутро во 08:30 часот и ќе трае до 15:30 часот.
Покрај овие населени места, планиран прекин е најавен и за корисници во урбаниот дел на градот, поточно во општина Ѓорче Петров.
Таму утре без струја ќе биде дел од улицата „Ѓуро Салај“, како и улицата „Алекса Демниевски“ (улица 19).
Со прекин во напојувањето ќе се соочат и корисниците од улицата „Даутица“, како и локалното училиште лоцирано во овој потег.
Електричната енергија на овие локации во Ѓорче Петров ќе биде исклучена во 09:30 часот, а нормализирање се очекува околу 14:30 часот.


