Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди.
Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец.
Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка.
Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и корисниците на делови од улиците „Димо Хаџидимов“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.
Актуелно
- Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
- Запалено игралиште за баскет во Радишани
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

