Православните христијани утре го слават празникот Водокрст, денот кој му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Во народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во Светата Црква се врши голем водосвет.

Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата утре добива лековита моќ и се користи за очистување на душата и телото. Водокрст го означува крајот на „некрстените денови“ и нè подготвува за големото објавување на Светата Троица на реката Јордан.

Според традицијата, по утрешниот строг пост, следува големата прослава на Водици, кога верниците традиционално се собираат за спуштањето на светиот крст во водите.

Exit mobile version