Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени

    05.08.2026 во 11:33

    Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите

    05.08.2026 во 11:19

    ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“

    05.08.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени
    • Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите
    • ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“
    • СДСМ со тврдење: Владата веќе договорила решение според францускиот предлог
    • Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста
    • Енергетскиот систем стабилен – Продолжуваат инвестициите во обновливи извори
    • Буџетот се полни според планот: Приходите во првите седум месеци повисоки за 9,3 отсто
    • Мистериозен објект го блокира аеродромот – Полицијата крена тревога во Лајпциг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре е голем празник – се празнуваат Светите првоврховни апостоли Петар и Павле

    Утре е голем празник – се празнуваат Светите првоврховни апостоли Петар и Павле

    11.07.2026 во 11:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42).

    Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно.

    Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана бестрашен и снажен проповедник на Евангелието.

    После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирик и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните.

    Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт.

    Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

    Светиот апостол Павле е роден во Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск.

    Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабошците. Го нарекоа апостол на незнабошците.

    Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

    Прочитај повеќе

    Пекол низ Македонија уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите низ градовите

    05.08.2026 во 11:19

    ДУИ го нападна Гаши: „Молчи кога треба да го брани Охридскиот договор“

    05.08.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.