Владата го усвои новиот Закон за оружје, кој претставува дел од предвидената Реформска агенда на државата, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Со новите законски измени се предвидува значително поедноставување на административните постапки, проширување на роковите и воведување нови електронски услуги за граѓаните.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека клучните промени се насочени кон поголема безбедност, побрзи услуги и повеќе права за граѓаните.

Меѓу главните новини е можноста за поднесување на едно барање за повеќе парчиња оружје, со регулирани исклучоци согласно закон.

Новата регулатива децидно налага обврска за обезбедување соодветен простор за безбедно чување и сместување на оружјето, како и полнење муниција согласно закон.

Истовремено, со измените се проширува сокорисничкото право, а рокот за набавка по наследно решение се зголемува и ќе изнесува 4 наместо досегашните 2 месеци.

Законот предвидува и посебен транзиционен период од една година за сите граѓани кои во минатото имале административни пречки.

Обезбеден е 1 година рок од примената на законот — за сите што пропуштиле да поднесат барање за набавка по основ на наследство или биле одбиени поради пропуштен рок, како и за легализација, пререгистрација или доброволно предавање на оружјето.

Exit mobile version