Close Menu
    Најново

    Делчево со нова мерна станица за следење на квалитетот на воздухот

    10.10.2025 во 16:23

    Бесплатно wi-fi во цело Ѓорче Петров

    10.10.2025 во 16:18

    Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините

    10.10.2025 во 16:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Делчево со нова мерна станица за следење на квалитетот на воздухот
    • Бесплатно wi-fi во цело Ѓорче Петров
    • Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините
    • Меџити: Османи во телевизиска дебата нека ги земе со себе Груевски и Мијалков
    • Руски државјанин притворен во Скопје: Изнудил 20.000 евра со закани по живот
    • Маж од Виница нападнал двајца полицајци – кривично ќе се гони
    • (ФОТО) Неексплодирани гранати пронајдени во двор во Дојран и на брегот на Преспанското Езеро
    • Падна дилер од Радовиш – полицијата му најде дрога пред влезната врата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Уставните судови на Македонија и Косово потпишаа Меморандум за разбирање и соработка

    Уставните судови на Македонија и Косово потпишаа Меморандум за разбирање и соработка

    10.10.2025 во 12:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Уставниот суд на Република Северна Македонија и Уставниот суд на Република Косово потпишаа Меморандум за разбирање и заемна соработка во области од заеднички интерес.

    Со овој документ, што го потпишаа претседателите на двата суда, д-р Дарко Костадиновски и Неџми Реџепи, се поставуваат основите за продлабочување и институционализирање на соработката меѓу уставните судови на двете земји.

    Меморандумот претставува резултат на досегашната успешна и конструктивна комуникација, а неговата цел е да овозможи континуиран развој на односите, унапредување на професионалните капацитети и подобрување на квалитетот на судската пракса и донесените одлуки.

    Во рамките на соработката се предвидува организирање на заеднички научни конференции, семинари и стручни обуки, како и размена на искуства, судска пракса, истражувачки резултати и релевантна литература. Со тоа се создава платформа за поголема меѓусебна поддршка и размена на добри практики во областа на уставното судство.

    Потпишаниот Меморандум за разбирање стапува во сила веднаш и ќе има важност од пет години, со можност за продолжување по истекот на тој период.

    Одржана конференција во рамки на билатералната посета на Република Косово во Уставниот суд на Република Северна Македонија

    Во рамки на посетата се одржа Конференција на тема „Уставна контрола на законите и другите акти (материјални и процедурални аспекти)”, на која се дискутираше за современите предизвици и искуства во примената на уставната контрола.

    Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски изрази задоволство од досегашната конструктивна комуникација и соработка и во текот на своето излагање сподели дел од праксата на Уставниот суд, која се однесува на уставната контрола. 

    „Оценката на формалната уставност на законите според моето мислење треба да се интерпретира во најширока смисла, бидејќи тоа не е еднозначно прашање туку станува збор за состојба. Честопати зборувам на оваа тема и неминовно е споменувањето на двете спротивставени теории за толкувањето на Уставот, од една страна е оригинализмот и конзервативниот пристап, а од друга страна е живиот конституционализам. Јас сум приврзаник на умерениот жив конституционализам, не ја поддржувам било која екстремна форма без оглед дали станува збор за конзервативните сфаќања или пак премногу либералните кои може да предизвикаат судократија. Токму во оваа насока и ќе посочам две одлуки на Уставниот суд кој се охрабри да оценува спорни закони, како што беа измените во Кривичниот законик и Изборниот законик. Не само што констатиравме дека има пропусти од формален аспект, како што е злоупотреба на европско знаменце, без да има приложено европска легислатива за пример во самите закони, туку навлеговме и во оценување на постапката, која се коси со основни човекови права, заштитени со Уставот, изјави Костадиновски. ”

    Уставните судии од Косово искажаа особен интерес за уставната контрола, прашањето на надлежноста на судовите и можноста за одлучување при судир на два закона. Претседателот на Судот во Косово, сподели примери од последните неколку години со кои ја објасни разликата во одлучувањето и донесувањето на храбри одлуки во насока на владеењето на правото.

    „Се сеќавам на една дискусија со Роберт Бадентер и главното прашање кое беше поставено беше, колку далеку може да оди Уставниот суд при одлучувањето? Ние имаме дилема, за една седница која беше многу важна во политичко-општествен контекст, кога до Уставниот суд се обратија со продцедурални прашања, а притоа Собранието беше блокирано и се определивме  да одлучиме колку пати може да се гласа за еден кандидат во државен орган. Ние донесовме одлука како процедурален критериум, според која за еден кандидат може да се гласа најмногу во три круга. До овој заклучок дојдовме следејќи го духот на текстот на Уставот, а Судот остана единствен орган да донесе одлука по оваа тема, што значи собравме храброст и одлучивме. Имаше критики, но поголемиот дел од јавноста, а и тие што критикуваа ја сфатија поентата и значењето на она што беше одлучено, изјави претседателот Реџепи.

    Популарно

    Последен убав викенд оваа година – какво време не чека до крајот на октомври

    09.10.2025 во 09:54

    Се јави советникот на ДУИ: Мојата госпоѓа не е вмешана, ние живееме заедно – најдете кој сакаше да ме убие

    10.10.2025 во 12:43

    Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство

    10.10.2025 во 10:48

    Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката

    10.10.2025 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.