Уште вечерва направете го ова: Пред спиење, задолжително испијте чаша вода

Водата е течност која е многу важна за нашето здравје и добросостојба, но голем дел од луѓето забораваат на редовната хидратација.

Нутриционистите и докторите препорачуваат дневно да се внесува околу 2 литри вода. Освен тоа, голем дел од нив посочуваат дека е многу корисно пред спиење да се испие чаша вода.

Едно истражување дошло до заклучок дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што исто така може да придонесе и за значајно пореметување на спиењето.

Внесувањето вода пред спиење влијае на расположението, односно луѓето кои честој пијат вода се посреќни, позадоволни и посмирени.

Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода ја поттикнува и циркулацијата, помага за губење на килограмите, а придонесува и за исфрлање на токсините преку потење.

Водата пред спиење овозможува доволно хидратација, но и ги смалува болките во мускулите и стомакот. Во неа, можете да додадете и малку лимон, што ќе и го збогати вкусот и ќе придонесе за внес на витамин Ц.

25.11.2022 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега