Вчера во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари.
Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Актуелно
- Протести во Цирих: Запалено американското знаме
- Снегот им предизвика главоболки на службите
- Премиерот на Белгија до Трамп: Ти си гладна гасеница
- Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи
- Трамп од Давос: Итно го сакам Грендланд
- Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем
- Србија потпиша во Давос: Летачки такси возила пристигнуваат во Белград
- Драма во Грчец: Група луѓе упаднале во куќа, физички нападнале момче и ја одвеле неговата девојка

