Уште еден градоначалник се откажа од службеното возило: Откри за што ќе ги пренамени парите

 Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на социјаалните мрежи ја информираше јавноста дека се откажува од користење на служено возило како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Во објавата Градоначалникот Стефковски напиша:
 
"Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.
Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните."
 

28.10.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа