Уште 6 пациенти ја загубија битката со коронавирусот - најмладиот имал 44 години

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во Македонија. 

Она што радува се бројот на оздравени и вчера и денеска, која е над 2000. 

 Институтот за јавно здравје денеска регистрираше вкупно 2009 оздравени пациенти.

За жал, уште шест пациенти ја загубија битката со болеста. Четворица од нив се од Скопје на 60,74,44 и 84 години, еден од Куманово на 72 години и еден пациент од Гостивар на 64 години. Пациентите се починати во болнички услови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега