Управен суд ги одби тужбите од Алијанса/Алтернатива

 

 

Четириесет тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива се одбиени попаднево од страна на Управниот суд, за изборите одржани на 15. јули.

Коалицијата поднесе 75 тужби по одбивањето на приговорите од страна на Државната изборна комисија. Од судот информираа дека тужба поднела е Социјалдемократската Унија, а 101 тужба пристигнале од страна на партијата Левица. Исто така има тужби и од страна на партијата Интегра.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега