УНХЦР: Околу милион луѓе се очекува да се вратат во Сирија во првиот дел од 2025
Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во земјата во првите шест месеци од 2025 година.
Таа, исто така, ги повика земјите да не почнуваат процеси на присилна депортација на бегалците назад во Сирија.
– Се надеваме дека некаде околу милион Сиријци ќе се вратат помеѓу јануари и јуни следната година, па затоа го споделивме овој план со донаторите, барајќи ја нивната поддршка, рече Џамус Имејсис.
17.12.2024 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа