Потпретседателот на руската Влада, Александар Новак, соопшти дека на денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан се разговарало за можноста Унгарија да купи удел во руски нафтени компании кои се под удар на новите американски санкции.
Новак на прес-конференција посочи дека состанокот во Кремљ се однесувал и на чувствителни економски теми, поради што, како што рече, „не треба да бидат изложени на медиумско внимание“.
„Во принцип, таква тема постои и беше разгледана. Унгарија е наш сигурен партнер во енергетиката со години. Унгарските партнери моментално работат во таа насока, а многу зависи од деловните преговори. Значи, овој процес треба да се одвива тивко, без медиумско внимание“, нагласи Новак.

