Унгарија прва во ЕУ ја одобри руската вакцина

Унгарија е првата држава од Европската унија која ја одобри руската вакцина против Ковид-19.

Освен „Спутник V“ ја одобри и британската на Оксфорд и Астра Зенека.

„Фармацевтските власти дадоа привремена дозвола“ за тие две вакцини против ковид-19, изјави на конференција за медиумите шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Џерџели Џула.

Според европските прописи, националните власти можат итно да одобрат дистрибуција на производ кој не го одобрила Европската агенција за лекови (ЕМА), но тогаш тие ја имаат целосната одговорност.

Од почетокот на кампањата за вакцинација на крајот на декември, Унгарија доби околу 330.000 дози од вакцините на Бајонтек/Фајзер и Модерна, кои сега се одобрени во ЕУ.

„За жал, ЕМА е исклучително спора“, кажа Џула.

Кога станува збор за вакцината која ја развија британската лабораторија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд, „Британија уште претходно ја одобри и веќе ја користи“, потсети унгарскиот функционер и додаде дека мислењето на европското регулаторно тело се очекува на крајот на месецот.

Руските власти поднесоа барање за регистрација на Спутник V во ЕУ, но ЕМА сè уште не ја почнала процедурата на проверка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега