Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми.
Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон употреба, објави „Укринформ“.
„На подморницата имаше четири лансери на крстосувачки ракети „Калибар“, кои непријателот ги користи за напади врз територијата на Украина“, објави украинската безбедносна служба СБУ.

