Украинска армија: Не можеме да ги спасиме бранителите во Азовстал, ќе има многу жртви

Украинската војска ја отфрли можноста дека ќе интервенира во Азовстал за да си ги спаси бранителите затоа што ќе има многу жртви.

„За такво нешто ни се потребен голем број војници бидејќи украинските сили се оддалечени 150 до 200 км“, кажа заменик-началникот Олексеј Хромов.

Според вицепремиерката Ирина Верешчук, во фабриката за челик има околу 1.000 ветерани, а половина од нв се ранети, по што кажа дека преговорите со Русија продолжуваат.

Бранителите оваа недела соопштија дека нема да се предадат зашто не веруваат дека руската војска ќе ги помилува.

12.05.2022 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега