Пожар избувна во руската рафинерија за нафта „Славнефт-ЈАНОС“ во Јарослав по синоќешниот напад со беспилотни летала. Според пишувањата на „Киев Индепендент“, кој се повикува на локални власти и канали на Телеграм, објектот бил погоден иако се наоѓа на повеќе од 700 километри од украинската граница.

Жителите на областа пријавиле најмалку седум експлозии над градот, по што следеле извештаи за пламени јазици во фабриката.

Гувернерот на Јарослав, Михаил Јевраев, претходно издал предупредување за закана од воздушен напад, а на социјалните мрежи и каналот „Астра“ веќе се појавија фотографии и видео материјали кои го потврдуваат пожарот во комплексот.

Exit mobile version