Украинските контранападни сили соопштија дека успеале да ги потиснат руските трупи од централниот дел на Покровск, град каде што во последните недели се водеа најжестоките борби на источниот фронт.

Според украинските извори, пешадиски тимови потпомогнати од дронови и артилерија извршиле брзо прочистување на клучните градски позиции, по што руските единици се повлекле кон јужните квартови.

Командирот Валентин Манко истакна дека централниот дел на градот е стабилизиран, но операциите продолжуваат, бидејќи во периферијата сè уште има руски групи кои пружаат отпор.

Од руската страна пристигна само кратко соопштение во кое се тврди дека биле одбиени повеќе украински напади, но без директно споменување на борбите во самиот Покровск.

Exit mobile version