Украина даде писмени гаранции: Русија ќе остане во договорот за транспорт на жито
Русија продолжува да учествува во договорот за транспорт на жито преку Црното Море, објави Министерството за одбрана на земјата.
Русија доби писмени гаранции од Украина дека нема да го користи коридорот за жито за воени операции против Руската Федерација, соопшти Министерството, додавајќи дека Украина официјално ја уверила Москва дека поморскиот хуманитарен коридор ќе се користи само во согласност со одредбите на Црноморска иницијатива.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му се јавил на неговиот турски колега Хулуси Акар и го информирал дека договорот за коридорот за жито „ќе продолжи како досега“ од среда.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата привремено го суспендираше своето учество во договорот за жито по нападите врз руските бродови за кои тврдеше дека ги извршила Украина со помош на Велика Британија,пренесе Блиц.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа