Украина бара брз прием во НАТО

Украина поднесе барање за брз прием во НАТО, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Преземавме важен чекор со потпишување на апликација за забрзано членство во НАТО“, кажа Зеленски пред граѓаните.

Зеленски, исто така, кажа дека Киев е подготвен на преговори со Русија, но со друг руски претседател, а не со Владимир Путин.

„Ќе преговараме, но само со друг руски претседател“, вели Зеленски.

30.09.2022 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега