Украдени над 200 тони пченица

Од 200 до 240 тони пченица биле украдени од парцели во сопственост на ЗК Пелагонија.

-Завчера во 14.00 часот во СВРБитола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра, се вели во полицискиот билтен.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.           

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа