Во државната каса заклучно со 30 ноември се слеале 3,97 милијарди евра по основ на даноци и придонеси. Ова го соопшти директорката на УЈП, Елена Петрова, истакнувајќи дека наплатата е зголемена за значителни 268 милиони евра во споредба со истиот период минатата година.

Статистиката покажува раст на сите полиња – приходите од даноци се зголемени за 6,5 отсто, додека кај придонесите скокот е уште поголем и изнесува 8,7 проценти.

Позитивниот тренд продолжува и во тековниот месец.

„Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година“, изјави Петрова.

Exit mobile version