Времето утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен поремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа).
Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

