УХМР ја објави временската најава за утре, сабота, 19.09.2026. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.


