УХМР со вонредно предупредување: Во следните денови, особено во Скопје следува температурен шок, но и невреме

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните денови во скопскиот регион времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период и оти во делови од котлината во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Повремно процесите ќе бидат во форма на невреме со локален интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

23.05.2022 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега