Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УХМР најавува дека во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.


