Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на поединечни места ќе има и грмежи. Локално се очекуваат поинтензивни временски процеси, проследени со невреме, пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 21 до 29 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 27 степени.
УХМР најавува дека и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во сабота (6 јуни) и понеделник (8 јуни) повторно се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме.


