Италијанските медиуми пишуваат за страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубил маж со потекло од Гостивар.

Според италијанскиот портал Il Resto del Carino, се работи за 44-годишниот Фидан Хамити, 44-годишен маж со потекло од Гостивар, кој живеел во Бацано, Италија.

Тој возел со својот скутер на 2 јуни, а нешто по десет часот, од причини што сè уште се истражуваат, изгубил контрола над возилото додека се движел по улицата Виа Палацето, во подрачјето Стиоре, при што одеднаш излетал од коловозот и силно се забил во канал покрај патот.

Според друг италијански медиум, и покрај напорите на Брзата помош, гостиварчанецот им подлегнал на повредите.

На социјалните мрежи многу пријатели и роднини се простуваат од него.

Exit mobile version