Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за локално невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град.

Според објавената карта на УХМР, нестабилните воздушни маси ќе зафатат поголем дел од територијата, со исклучок на регионите на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.

Максималните дневни температури низ државата ќе се движат во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Exit mobile version