Највисоки температури во земјава денеска во 14:00 часот се измерени во Гевгелија и Велес, додека најсвежо е на Попова Шапка, покажуваат официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според мерните станици, во 14 часот во Гевгелија се измерени 36.5 степени, а веднаш зад неа е Велес со 36.2 степени.

Над 35 степени се измерени и во Демир Капија (36.1°C), Кавадарци (35.9°C), Скопје на Зајчев Рид (35.9°C) и Струмица (35.1°C).

Во главниот град, на мерното место Скопје-Петровец се регистрирани 34.9 степени, додека во Куманово температурата достигнала 34.1°C.

Меѓу потоплите градови се и Штип со 33.4°C, како и Тетово и Виница со измерени 33.0 степени. Во Тополчани се регистрирани 32.7°C, во Битола 31.9°C, во Прилеп 31.7°C, а во Крива Паланка 31.6 степени.

Пониски температури се измерени во Пожаране (30.6°C), Ѓуриште (29.5°C), Берово (29.1°C), Претор (29.0°C) и Радовиш Пожар (28.5°C).

Најсвежо во 14 часот било во Крушево со 27.8 степени и на Попова Шапка каде живата во термометарот покажала 20.4 степени Целзиусови.

За Маврови Анови во овој мерен термин нема достапен податок.

Exit mobile version