УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето наредните денови
Времето денеска сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен.
УХМР соопшти дека утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа