Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.
УХМР
Како утре, така и во петок, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.