Најниската температура изутринава во Македонија е измерена на Попова Шапка и Лазарополе, каде се регистрирани шест степени, додека најтопло со 19 степени било во Скопје – Петровец.
Според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутринава се измерени 7 степени во Маврови Анови, 9 во Охрид и Битола, а 10 степени во Крива Паланка, Крушево и Претор.
Во останатите градови температурите се движеле од 11 степени во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во Велес и 18 степени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.
Времето во текот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град“, предупредуваат од УХМР.
Максималната температура на ниво на државата ќе се движи во интервал од 19 до 29 степени.
Во Скопје не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура во главниот град ќе достигне до 25 степени.


