УХМР предупредува: Невремето продолжува - претпазливо движете се на овие места

 Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи.

Најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта. Можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд.

– За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Ваквото нестабилно време со поројни врнежи од дожд се очекува да трае до вторник, кога се очекува стабилизирање на состојбата, соопштија од УХРМ.

Предупредуваат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови од денот. 

18.07.2021 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега