УХМР предупредува: Невреме и обилни дождови до крајот на март

 


Под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. 

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час, особено од четврток.

-Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

До крајот на март и во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, соопшти УХМР. 

25.03.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега