Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, соопштија од УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.

Exit mobile version