УХМР објави метео аларм за денеска, среда, 28.10.2026 година. Во објавата УХМР предупредува на силен ветер.
-Силен ветер од северозападен правец кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h, предупредуваат од УХМР.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во текот на викендот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

