УХМР најавува стабилизирање на времето и покачување на температурите
УХМР соопшти дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.
Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.
Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Времето во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено поројни, а во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Tемпературата ќе се движи до 12 степени целзиусови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа