Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за целата територија на државата за утрешниот ден, 8 август 2026 година.
Според официјалното известување од УХМР, активиран е метеоаларм кој се однесува на високите температури кои ќе ја зафатат Македонија.
„МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 08.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“, соопштија кратко од Управата.


