Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави мерењата на температурите низ државата извршени денеска во 14 часот.

Највисока температура од 38,1 степен е измерена во Велес, по што следат Гевгелија и Демир Капија со измерени 38 степени.

Високи температури се забележани и во Скопје, каде што на Зајчев Рид се измерени 37,2 степени, а во Скопје-Петровец 37,1 степен. Во Кавадарци и Виница се измерени 37 степени, додека во Штип температурата достигна 36,4 степени, а во Струмица 36,2 степени.

Во останатите градови, Куманово бележи 35,3 степени, Тетово 34,4, Охрид 33,2, Битола 33, Прилеп 32,4, а во Крива Паланка се измерени 32,7 степени.

Најсвежо попладнево е на Попова Шапка со 21,6 степени и во Крушево со 28,7 степени. За мерните станици во Маврови Анови и Тополчани во 14 часот нема податоци за измерената температура.

Exit mobile version