УХМР ги измери температурите во единаесет часот на територијата на Македонија. Според мерните станици, најсвежо ова претпладне е на Попова Шапка каде се измерени само 10 степени, по што следи Крушево со измерени 15 степени.

Од друга страна, во Струмица и Гевгелија се измерени 25 степени, со што тие се најтоплите градови.

Во единаесет часот УХРМ измери 23 степени во Скопје.

Денеска нè очекува претежно сончево време, со мала до умерена облачност. Локално е можна појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе се спушти до 13 степени, а во текот на денот ќе достигне до 23 степени.

Exit mobile version