Кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, проф. д-р Ана Угринска,  бара бескомпромисна градска политика кон отпадот и загадувањето, со отворени податоци и ненајавени контроли, се наведува во соопштението на ДОМ.

-Скопје не смее да се помирува со токсичните навики. Вардариште и Дрисла не се точки на карта, туку жаришта што ја разјадуваат довербата, здравјето и иднината, порачува Угринска.

Предупредувајќи на штетата што ја трпат граѓаните, таа вели дека кога ноќта мириса на стопена пластика во Карпош и Ѓорче, тоа значи дека некој профитира, додека граѓаните плаќаат со белите дробови.

Угринска зборува и за политичката агенда на кандидатите за советници во Град Скопје на Коалицијата за зелена иднина со која се бара поддршка на локалните избори и гласање за бројот 8.

„Бараме градска власт што стои пред фактите, а не зад изговорите: отворени податоци за секое претоварување на отпад и согорување, контроли што не се најавуваат, санкции што не се договараат. Без компромиси со отпадот и со нечии привилегии. Сакаме град за живеење, а не за преживување“, вели Угринска, притоа апелирајќи до скопјани и скопјанки, „да му го вратиме достоинството на Скопје и да обезбедиме иднина во која се дише здраво и мирно.“

Exit mobile version