Италијанската манекенка Памела Џенини почина откако, според локалните медиуми, нејзиниот поранешен партнер Џанлука Сончин (52) ја избодел 24 пати на терасата од нејзиниот стан во Милано.
Соседите се обиделе да влезат во станот откако го слушнале врескањето на манекенката и повикале полиција, објави „Ил Фато Квотидијано“. Откако ја влечел на терасата и ја избодел 24 пати, Сончин се избодел двапати во грлото.
Нејзин друг поранешен партнер изјавил дека двајцата имале лоша врска и дека тој не ѝ дозволувал да го напушти. Џенини била на телефон со другиот поранешен партнер кога ја пронашла Сончин во нејзиниот дом, што го натерало да ја повика полицијата.
Кога полицијата затропала на вратата, таа му рекла на Сончин дека станува збор за достава на храна. Потоа полицајците влегле во станот, а насекаде имало крв. Џенини подоцна им подлегнала на повредите.
Сончин моментално е на лекување во болницата „Нигуарда“ во Милано, но не е во животна опасност. Тој се брани со молчење, а италијанските медиуми објавуваат дека е обвинет за убиство.