Шеесет и четиригодишна жена од Куманово вчеравечер пријавила полициски случај за вознемирување и оштетување на возило.

СВР Куманово соопшти дека пријавата е поднесена вчера, во 22:50 часот.

„64-годишна жена од Куманово пријавила дека пред нејзиниот дом лицето Б.К. од Куманово, кое подолг временски период ја вознемирувало нејзината ќерка, го оштетило возилото што таа го користи и удирало по влезната врата од куќата“, соопшти полицијата.

Според полициските информации, пријавениот, Б.К., подолг временски период ја вознемирувал ќерката на пријавителката.

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Exit mobile version