Close Menu
    Најново

    Пожар во стан во Штип – две лица пренесени во болница во Скопје

    03.01.2026 во 13:30

    Уапсен тетовец кој му се заканувал со нож на градоначалникот на Желино

    03.01.2026 во 13:25

    Познат идентитетот на загинатите кои со автомобил излетаа во Радика

    03.01.2026 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пожар во стан во Штип – две лица пренесени во болница во Скопје
    • Уапсен тетовец кој му се заканувал со нож на градоначалникот на Желино
    • Познат идентитетот на загинатите кои со автомобил излетаа во Радика
    • Повторно пукање во Македонија: Летале куршуми на семејна веселба
    • Циклон носи дожд и затоплување: УХМР со прогноза за следните денови
    • Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата
    • Тешка несреќа во кавадаречка фабрика: Работник од Марена се здобил со сериозни повреди
    • Три хороскопски знаци се под напад на карма: Последиците и плаќањето за сè што мислеле и направиле доаѓаат
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Училиштата веќе нема да плаќаат комунални услуги – општината ја презеде таа обврска

    Училиштата веќе нема да плаќаат комунални услуги – општината ја презеде таа обврска

    14.11.2025 во 17:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година.

    Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за капитални инвестиции во инфраструктурни објекти какви што се реконструкција на повеќе улици, спортски сали во рамки на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“, интервенции во фекални и атмосферски канализации, како и изградба на детската градинка „Пролет“ во населбата Козле и „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе.

    Потребниот консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет, односно ребалансот за 2025 година. Според образложението, потребата за донесување на оваа Одлука произлезе од доделувањето на средства поради зголемен износ на данок на додадена вредност (кој го исплаќа Министерството за финансии) за износ од 2.130.000 денари, како и промени на средствата во приходните и расходните ставки во колоните во косолидираниот Буџет на општината.

    Поточно, во консолидираниот Општински Буџет за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.853.654.953 денари се зголемува на износ од 1.857.766.953 денари. Во колоната – Буџет на Општина Карпош за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.059.141.953 денари се зголемува на износ од 1.061.771.953 денари.

    Во рамки на дебатата која се разви по оваа точка, градоначалникот Сотир Лукровски излезе пред советниците со конкретен Предлог – амандман, со кој ќе бидат пренаменети неискористените општински средства за патување во странство и расходи за репрезентација. По предлог на првиот човек на Општината, овие парични средства ќе бидат пренасочени за покривање на трошоци за комунални услуги на основните училишта од Општина Карпош. Во таа насока, мнозинството советници го поддржа предлогот на градоначалникот Лукровски, кој ќе биде составен дел од Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет. Советниците дадоа „зелено светло“ и за изменување и дополнување на на Програмата за активностите во областа на спортот за 2025 година. Станува збор за измена во проектните активности за Училишните спортски лиги на Карпош за 2025 година, за стипендии за талентираните основци – спортисти од Карпош, како и за еднократна поддршка за спорт и рекреација.

    За Училишните спортски лиги се менува досегашната финансиска рамка од 2.050.000 на 2.624.000 денари. Фондот за стипендии за талентирани ученици – спортисти од VIII и IX одделение од 1.100.000 денари се менува на 1.000.000 денари. Во делот за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација, износот од 1.000.000 денари се менува на 765.000 денари, од каде останатите 235.000 денари се префрлаат во фондот за Училишни спортски лиги на Општина Карпош за 2025 година. Соодветна корекција претрпе и Програмата во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година.

    Имено, советниците ја поддржаа измената во третата точка од оваа Програма, која се однесува на парична помош за лицата односно семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик, или пак им се потребни финансиски средства за лекување. За таа намена се зголемува досегашниот износ од 7.000.000 денари на 9.000.000 денари.

    Популарно

    Поларно утро со -14 степени: Денеска студено и променливо, попладне пристигнуваат врнежи на запад

    02.01.2026 во 09:32

    ЦУК со вонреден апел: Тешко проодни правци низ цела држава – има заглавени возила

    02.01.2026 во 23:15

    Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, во меѓувреме еден колосек до 2028 ќе биде функционален

    03.01.2026 во 10:22

    Тешка несреќа во кавадаречка фабрика: Работник од Марена се здобил со сериозни повреди

    03.01.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.