Ученик избоден со нож во двор на училиште во Србија

 

Ученик на Техничкото училиште во Железник, во Белград утрово бил избоден со нож во дворот. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар.

„Ученик од нашето училиште е повреден. Полицијата во моментов е во училиштето, се врши истрага“, кратко изјавиле од училиштето за Euronews Србија.

Ученикот е повреден околу 8 часот.

23.11.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега