Close Menu
    Најново

    Скопје утрово на 57-то место во светот според загаденоста: Воздухот во „жолта“ зона

    22.12.2025 во 11:50

    Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

    22.12.2025 во 11:48

    Грчките земјоделци попладнево ги затвораат Евзони и Ники

    22.12.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Скопје утрово на 57-то место во светот според загаденоста: Воздухот во „жолта“ зона
    • Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат
    • Грчките земјоделци попладнево ги затвораат Евзони и Ники
    • Герасимовски во „Корчагин“: Новогодишен концерт и пакетчиња за најмладите во Центар
    • Снег за новогодишната ноќ во Македонија
    • Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори
    • Денеска се празнува Зачнувањето на Света Ана – почетокот на спасението
    • Македонија на третото место во Европа по убиства на жени од партнери или членови на семејството
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Учениците во Трубарево се вратија во училишните клупи, наставата продолжува со физичко присуство

    Учениците во Трубарево се вратија во училишните клупи, наставата продолжува со физичко присуство

    22.09.2025 во 14:37Updated:22.09.2025 во 14:41
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад.

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн. Но, засега, рече, нема опасност.

    „Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за промена во состојбата, така како што промптно, во сабота и недела, одлучивме да одат на онлајн-настава, така повторно би го направиле тоа. Но, сега засега нема опасности и тие ќе си одат со физичко присуство затоа што нема подобра настава и не се постигнуваат подобри успеси на учениците освен со физичко присуство, изјави Јаневска при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.

    Од 14 до 19 септември, онлајн настава беше организирана во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ кои се на територија на општина Гази Баба.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.