За околу 250.000 основци и средношколци денеска и официјално започнува зимскиот распуст. Учениците ќе можат да уживаат во празничниот одмор во наредните три недели, а училишното ѕвонче повторно ќе ги повика во клупите на 20 јануари 2026 година, кога стартува второто полугодие.

Вториот дел од учебната година ќе донесе и продолжување на реформите. Надлежните најавуваат интензивирање на процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска настава, систем со кој досега се опфатени 200 училишта низ државата.

Крајот на оваа учебна година ќе биде особено важен за матурантите. Во јуни тие ќе полагаат државна матура по сосема нов концепт, кој е прилагоден согласно видот на образованието што го завршуваат.

Exit mobile version