Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите

    21.03.2026 во 11:57

    Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци

    21.03.2026 во 11:52

    Подгответе се за гужви: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

    21.03.2026 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите
    • Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци
    • Подгответе се за гужви: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
    • „Правевме роденден за Мики, пола подароци му ги украдоа гостите“- Ужас во скопската Зоолошка градина
    • „Летал со 105 км/ч низ Штип: Полициски пресретнувач „улови“ 21-годишен возач на „Голф“
    • Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија
    • Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии
    • Спасувачка акција во Струмица: Девојка паднала во провалија, пожарникарите со алпинистичка опрема ја извлекувале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

    Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

    21.03.2026 во 10:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО.

    Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата.

    За време на посетата тие го разгледаа процесот на производство на возилата за урбано чистење од брендот Green Machines, каде се произведуваат возила на водороден, електричен и касичен погон, како и секторот за тешки метални конструкции. Посебен интерес кај учениците предизвикаа монтирањето на возилата и роботизираните системи за заварување.

    Учениците покажаа голем интерес за техничките процеси, поставуваа прашања за функционирањето на возилата за чистење, за работата на дилерската мрежа, како и за начинот на кој роботите учествуваат во процесите на заварување.

    Низ производните погони учениците ги водеа инженерите Благој Филџанов и Никола Богдановски, као и инженер Мирјана Ковачева Најдова, одговорна за безбедност и здравје при работа во БРАКО. Во придружба на учениците беа директорката на училиштето и двајца професори.

    Државниот училишен центар „Партенија Зографски“ од Скопје е средно стручно училиште кое обезбедува образование, рехабилитација и професионално оспособување на ученици со оштетен слух од целата држава.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите

    21.03.2026 во 11:57

    Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци

    21.03.2026 во 11:52

    Подгответе се за гужви: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

    21.03.2026 во 11:42

    „Правевме роденден за Мики, пола подароци му ги украдоа гостите“- Ужас во скопската Зоолошка градина

    21.03.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.